Возрасен маж од Гостивар попладнево си го одзеде животот со огнено оружје, дознава Курир.
Според првичните информации, 50-годишниот гостиварец имал многу долгови и најверојатно тоа е причината поради која донел одлука да се самоубие.
Несреќата се случила околу 18 часост, а В.Ј. се самоубил пукајќи во себе со пиштол.
Како што дознава Курир, станува збор за семеен човек, татко на две деца.