Се смрзнуваат болните во Битола – болницата два дена без греење


Болницата во Битола веќе два дена нема греење, а пациентите и роднините се погласно реагираат, објавува Алфа.

parnoОд раководството на Клиничката болница велат дека спрема Окта ги подмириле обврските за мазут, меѓутоа испораката од рафинеријата доцни и затоа, овие денови со последните резерви грееле минимално.

„Цистерните од “Окта“ веќе се на пат кон Клиничката болница во Битола. Настанат е  мал застој , но досега имаше залихи во болницата, така да проблемот, ако може така да се нарече, ќе биде надминат во секој момент“ – рече Јагода Стојановска, портпарол на Клиничката болница во Битола.

Меѓутоа, овие денови, покрај Клиничката болница, со студени радијатори останаа и некои битолски училишта,  а во с. Могила додека се чека нафта од државните резерви, наставата се одвива со скратени часови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1