Борбен ловец на Хрватската војска МИГ-21 нешто пред 15 часот се срушил, според првичните информации, на подрачјето на Велика Горица.
Воен авион на хрватската војска се урна во вторник кај местото Ломница, а според првичните информации пилотот преживеал.
Несреќата се случила во 14:55 часот, а било потврдено дека станува збор за воен авион на Хрватската војска од типот „миг 21“.
Врвот на Хрватската војска трпеше постојани критики за состојбата на авионите, а посебно за леталата што неодамна се вратија од ремонт во Украина.