Безбедносните камери во турскиот град Корум го снимиле инцидентот кога дел од тротоарот, кој е пешачки мост, и кои се состоел од плоча под која минувале цевки и имало огромна дупка, одненадеш само се урнал.На снимките се гледа дека во моментот на рушењето на него има луѓе кои пропаѓаат во дупката.
Еден средношколец се здобил со повреди и бил хоспитализиран, но за среќа минал само со полесни повреди. Се истражува причината зошто се урнал мостот. Според првите претпоставки дел од вината е и натрупаниот снег, од тежината на снегот можно е мостот да попуштил, сметаат надлежните.