Се сруши ѕид од гробница во древната Помпеjа


Ѕид од гробница, висок околу два метра и речиси исто толку долг, се сруши во некрополата Порта Ночера, која е составен дел од древниот римски град Помпеја. Според првичните увиди од експертите, причината за рушењето биле обилните дождови.

pompeja1-1024x680Во последниве години, сѐ почести се рушењата и распаѓањето на објектите во Помпеја, локалитет што остана сочуван по ерупцијата на вулкан во 79 година од новата ера.

На локалитетот Помпеја, кој е заштитен од УНЕСКО, за време на ерупцијата живееле околу 13 илјади луѓе. Туристите денес можат да ги видат остатоците од градбите, распослани на површина од околу 66 хектари.
Помпеја секоја година привлекува над два милиона туристи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1