Во сообраќајната несреќа што се случи утрово кај ТЦ „Три бисери“, според првичните информации, повредени се десетина лица, пренесува 24 вести
Министерството за внатрешни работи потврди дека во осум часот е пријавена сообраќајната несреќа која се случила на булеварот „Јане Сандански“ наспроти ТЦ „Три бисери“. Судрени се два автобуса – број три на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и приватен автобус со број 23, кои се движеле од центар кон Аеродром.
Поврдените лица со возила на итнатата медицинска помош се пренесени во некои од скопските клиники.