Се судрија и запалија автобус и камион, 31 повреден и 17 исчезнати


Германската полиција соопшти дека денеска 31 лице се повредени, а 17 се водат за изчезнати кога на автопатот се запали автобус по судар со камион.

Во автобусот имало 46 патници и двајца возачи. На самото место набрзо дошло амбулантно возило и хеликоптери со кои се транспортирани повредените. Автопатот А9 е затворен поради несреќата.

Сударот се случил во близина на Минхберг во Баварија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1