СЕ ТРАГА ПО ТРОЈЦА НАПАЃАЧИ: Полицијата се сомнева дека во Минхен бил извршен терористички напад (ВИДЕО)


Полицијата во Минхен на фејсбук профилот објави дека очевидци пријавиле оти виделе три лица со автоматско оружје. Властите се сомневаат дека бил извршен терористички напад.zrtva

Полицијата наведува дека бројот на жртвите од нападот во трговскиот центар „Олимпија“ се уште не е утврден, иако претходно баварското МВР соопшти за најмалку тројца загинати и голем број повредени.

Полицијата соопшти дека никој од напаѓачите не е уапсен и потрагата продолжува со сите расположливи капацитети со поддршка од специјални единици.

– Засега нејасна е ситуацијата и ги молиме граѓаните да останат во своите домови – соопшти полицијата.

Блокирана е целата област и властите предупредуваат на можни нови напади. Болницата „Швабинг“ што се наоѓа во близина на шопинг центарот каде се случи нападот како и други клиники се подготвуваат за прием на повредени. Поради тоа, повикани се лекари и друг медицински персонал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1