Се удави сомалијска олимпијка


Сомалиjската олимписка атлетичарка Самија Јусуф Омар се обидела да побегне од Либија во Италија на брод за емигранти. За жал бродот потонал и несреќната девојка се удавила. Како што пренесува BBC олимпискиот комитет од Сомалија ја потврдил смртта на својата спортистка но не сакал да дава изјави за причините на несреќата. Самија во Пекинг се натпреварувала во трка на 200 метри иако речиси и да немала некој формален тренинг. Иако завршила на последно место со заостанување од неколку секунди во однос на конкурентките, самиот факт дека успеала да се натпреварува претставува мало чудо.

Самија пораснала во престолнината Сомалија Магадишу опкружена во сиромаштијата и потполно отсуство на адекватни спортски услови. Покрај тоа, во општество какво што е сомалијското, жени спортисти сигурно не се честа појава.По нејзиното враќање од Олимпијадата наместо честитки и зборови за охрабрување ја дочекале застрашувачки закани со смрт. Најгласни биле припадниците на милитантната организација Ал Шабаб, сомалијски огранок на Ал Каеда.

– Нема да заборавиме, било испишано на ѕидот од нејзината куќа.

Во октомври 2010 година успеала да дојде во Етиопија и да се сретне со вистински атлетски тренер. Од тогаш па се до трагичната смрт за неа не се знае речиси ништо.

Некои италијански медиуми веруваат дека Самија во Италија барала тренер како и излез за нормален живот.

Судбината на оваа девојка почнала да се шири во јавноста дури откако за неа почна да раскажува некогашниот сомалијски олимпиец Абди Биле.

Биле го споменал и Моа Фараха, исто така од Сомалија, кој на 12 години побегнал во Британија и сега трча за оваа земја. Во Лондон тој два пати го освои златото и стана еден од јунаците на овие Игри.

-Среќни сме заради Моа, тој е нашата гордост. Но никогаш нема да ја заборавиме Самија, изјавил Абди.

 

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1