„АМАН“: Излезете на протест и кажете НЕ! за прескапата струја, парно и нафта


Нов повик за протест против прескапата струја и неконтролираното покачување на цените на нафтените деривати и парното. На фејсбук денеска повторно е поставен нов повик со цел да се соберат граѓаните пред зградата на регулаторната комисија и да го изразат својот револт. Протестот е закажан за денеска во 18 часот пред Порта Македонија“ под раководство на „Граѓанска иницијатива АМАН“. Како и претходниот така и на овој ги имаат истите барања, односно намалување на сегашните цени и нивно приспособување со стандардот на граѓаните.

Протестот се организира под слоганот – „Време е да кажеме ДОСТА Е!“

Коментарите за иницијативата различни но во најголем број ја одобруваат, но има и такви кои го критикуваат неединството на граѓаните и тврдат дека таквата ситуација ја искористуваат органите кои ги носат одлуките за поскапувањата.

Граѓаните тврдат дека спонтано се организираат преку социјалните мрежи и дека ќе протестираат се додека не бидат исполнети нивните барања.

 

Share Button

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1