Се укинува роамингот во Европа!


Европскиот парламент денес изгласа постапно укинување на роамингот и неутралност на интернетот. Тоа значи дека во преодниот период, повиците по минута и сообраќајот на податоци од 1mb не смеат да бидат поскапи од 5 евро-центи, а СМС максимално може да чини два евроценти.roaming-charges

Европскиот парламент денес изгласа постапно укинување на роамингот во склоп на пакетот за Единство на европскиот пазар за електронска комуникација.

Роамингот драстично поевтинил во последните неколку години. Од 2007. година поевтинил за околу 91 процент. Група социјалисти и демократи во европскиот парламент го одредила целосното укинување на роамингот како свој стратешки приоритет и по две години е постигнат компромис со Собранието. Директивата во целост ќе стапи на сила на 15. јуни 2017. година.

“Потрошувачите често се жалат дека тој датум е предалеку, но преодниот период е потребен за државите да го подготват своето законодавство. Добра вест е дека во тој период повиците по минута и сообраќајот на податоци од 1 mb не смеат да бидат поскапи од 5 евро-центи, а СМС максимално ќе може да чини два центи”, објаснила хрватската пратеничка во Европскиот парламент, Билјана Борозан.

Приговори на предлогот имала помала група во парламентот, како Зелените, крајната левица и еуроскептиците кои во последната фаза поднеле амандмани со кои бараат бришење на целиот текст.

Комесарот за дигиталниот пазар, Андрус Анспи, рекол дека усвојувањето на било кој од нивните амандмани ќе го одложи датумот за воспоставување на роаминг.

Најголема забелешка во текстот е фактот што Собранието не дозволило да се вклучи јасна дефиниција за неутралност на мрежата.

Значајните елементи за мрежната неутралност се сепак договорени, а Комисијата била јасно предупредена дека наскоро треба да има детален документ за неутралноста на мрежата.

Парламентот бил ставен во позиција каде морал да одлучи дали ќе го прифати роамингот и нејасно одредената мрежна неутралност, или нема да прифати ништо, па целиот процес ќе потрае уште неколку години. Повеќето пратеници поддржале компромис, и ги отфрлиле сите амандмани.
За неутрален интернет се смета интернет врска во која телекомуникациската компанија која ги дава тие услуги, не забавува и не блокира одредени содржини.

Целта на предлогот е да се забрани дискриминација и да се овозможи неутралност на интернетот, но истиот предлог би дозволил телекомуникациските компании да нудат поголема брзина за интернет корисниците кои ќе платат повеќе.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1