Во Мајами Бич на Флорида денеска почна уривањето на вилата која во текот на осумдесетите години минатиот век беше во сопственост на колумбискиот нарко бос Пабло Ескобар, а која привлекуваше внимание со својата грандиозност и фасадата со розе боја.
Американските власти вилата ја запленија во 1987 година, во 1990 година ја купи еден приватен сопственик, а во 2014 ја купи газдада на ресторанот за брза храна “Čiken kičen”, Кристијан де Бердуер.
Де Бердуер сака на местото на куќата да изгради модерен дом.
Гледајќи како булдожерот ја урива вилата, тој изјави како чувствува олеснување гледајќи како исчезнува куќата на ѓаволот.
Ескобар, колумбискиот крал на дрогата,најмоќниот и најбогатиот криминалец на сите времиња,беше убиен во претрелка со колумбиската полиција во 1993 година.