Падна дел дел од јужната страна на пристаништето во Свети Наум кај Охрид. Капетанијата на пристаништата заедно со Јавното претпријатие Нискоградба работат интензивно на санирање на штетите.Првичните оштетувања настанале во текот на зимата, рече Капетанот на пристаништа Горан Устијаноски
„Се појави едно свлечиште на земја под самите бекатон плочи кои беа поставени таму. Забот на времето го направил своето, па мораше да се интервенира.Заедно со Јавното претпријатие Нискоградба и Министерството за транспорт и врски се прави таа санација таму.Иако на почетокот изгледаше по едноставно и сметавме дека зафатот ќе биде по мал и побезбеден, кога се направи ископот и првичните ископувања се покажа потребата од поголема интервенција.“ рече Устијаноски
Устијаноски кажа дека до крајот на неделата пристаништето ќе биде пуште во употреба
„Доколку не се санираше пристаништето постоеше опасност да дојде до повреда на луѓето кои го користат тој дел, бидејќи имаше огромни дупки кои можеа во секој момент да попуштат и да доведат до сериозни повреди на било кој од нас“ рече Устијаноски
NovaTv