Се урна целосно браната на Слатинско Eзеро


Slatino 3

Земјената брана на Слатинското Езеро целосно се урна вчера доцна попладне. Екипата нуркачи вчера не успеа да го ослободи главниот испустен вентил на езерото.

Локалното население страхува од големи штети, бидејќи станува збор за големи количества акумулирана вода, која сега се излева преку Слатински Чифлик и Издеглавско Поле се до реката Сатеска. За среќа, на тој потег нема населени места што се директно изложени на опасност од поплавување.

Последен пат браната во Слатино попушти во јануари 2011 година, кога земјениот насип пропадна на површина од околу 80 квадратни метри.

Slatino1Инаку, самото езеро се наоѓа во атарот на селото Слатино во општина Дебрца, изградено во 1963 година како акумулација за наводнување на околното обработливо земјиште. Водата во езерото дотекува од Мраморечка река, додека изливот на водата од езеорот оди кон реката Сатеска и натаму во Охридското Езеро. Во акумулацијата има приближно 1,4 милиони кубни метри вода. Состојбата со насипот на акумулацијата е проблематичен години наназад, а освен помали интервенции браната на езерото никогаш не е санирана.
Надлежните институции најавуваат дека посериозни зафати на брана на Слатинското Eзеро ќе бидат приоритет веднаш штом ќе дозволат условите за спроведување такви активности.

а1 он

РЦУК ДЕМАНТИРА ДЕКА БРАНАТА СЕ УРНАЛА
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1