Се уште не се знае дали Дехари ќе биде градоначалник на Кичево


Kоалицијата на двете најголеми македонски партии за поддршка на Благоја Деспотовски во Kичево вчера поднела приговори за седум избирачки места со кои може да се доведе во прашање победата на кандидатот на ДУИ, пишува Дневник.

KicevoВесникот пишува дека оспорени се седум избирачки места, од кои четири во Осломеј, две во Зајас и едно во Kичево, каде што постоеле докази за групно и семејно гласање.

Според процените, гласовите од овие избирачки места можат да влијаат на изборните резултати и да бидат одлучувачки дали Дехари ќе ја потврди победата или прегласувањето ќе направи пресврт.

Претседателката на Општинската изборна комисија, Љтифе Бајрами, вчера потврди дека се поднесени приговори од коалицијата за Деспотовски, но како што рече, не може да коментира за кои избирачки места. Таа најави дека во законскиот рок од 48 часа приговорите ќе бидат разгледани.

Denesen

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1