Се уште живеат надвор од цивилизација и одлично им е – амазонско племе (Видео)


На околу 4.800 километри оддалеченост од престолнината од Бразил, во прашумите на Амазон, речиси целосно изолирано од светот, живее племето Десан

27022014100225_pleme1Опкружено со дрвја, водопади и тропски живот, ова амазонско племе е скриено од светот, иако се наоѓа на само час возење со брод од градот Манаус, кој е големо пристаниште по должината на реката Амазон.

Во племето кое уште се нарекува и „Синови на ветрот“, главна професија е ловот.
Неговите членови длабоко веруваат во својот вкоренет однос со природата и затоа себе се нарекуваат “Синови на ветрот„.
Поделени се на повеќе помали племиња, и веруваат дека секое племе има специфичен мирис, поврзан со неговиот карактеристичен начин на живот.

article-2566885-1BC7A68700000578-204_964x659

Фотографот Дејвид Лазар се потопува во светот на едно од неколкуте преостанати  племиња, до кои не допрела цивилизацијата,  за да ја запечати нивната прекрасна магија.

„Пловев со чамец, за да дојдам до племето Десаи, кое се уште живее според традициите и обичаите на своите предци.

Тие се исклучително мирни и дружељубиви луѓе. Нивниот старешина  има традиционален украс на лицето, круна од пердуви и неговата насмевка зборува за топлината и среќата која го грее  ова племе“.

article-2566885-1BC7A65100000578-387_964x665Децата од дождовна шума играат среќни и слободни. Пердувите,  од птицата Макао  се носат како засебна племенска лузна. ”

Во 2016 година во градот Манаус ќе се одржи еден од најголемите спортски настани – летната Олимпијада.

Лазар прави обид да ги претстави  племето и убавината на нивниот живот, за  на тој начин да ги заштити од луѓето кои ќе ја  посетат Олимпијадата, како и од Владата, која ќе се обиде да создаде атракција за туристите и спортистите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1