Се враќа боемскиот живот – Отворена Боемската улица во Центар


Со пуштање во воздухот лантерни и рецитирање на поема за боемите од Петре М. Андреевски, вечерва беше отворена боемската улица во населбата Дебар Маало, во општина Центар. Идејата е цело Дебар Маало, односно главната улица на која има и најголем број кафеани да се претвори во боемска улица. Тоа се уште е само идеа бидејќи за проектот е потребно да се направи ново сообраќајно решение за овој потег

На пригодната свеченост беше свирена македонска староградска песна.

17092014210930_boemska ulicaОваа улица ќе ги врати спомените за животот на старо Скопје, рече Жерновски, кој пред присутните гости раскажа една анегдота за боемите.

– Кога ќе седне боем до вас во меана и ќе ве праша што ќе пиете, вие вообичаено ќе одговорите со  – ништо. Но потоа боемот ќе ви рече ајде сега ти прашај ме што ќе пијам, рече Жерновски.

Целиот потег со вкупна површина од околу 2.000 квадратни метри е нивелиран заради непречено движење на пешаците, инвалидите и велосипедите, но и поради визуелната естетска целина. На местото каде што завршува улицата се формира мал плоштад, каде што е поставена дрвена инсталација за седење, како и декоративен бетонски ѕид со дрвени талпи и зеленило. Како што брифираат од општината, во соработка со жителите, чии куќи и објекти излегуваат на оваа улица, едногласно се сложиле таа да не се користи како паркинг и на неа строго да биде забрането движењето на возилата. Од двете страни на улицата има комбинација од стар и нов дрворед со вкупно 24 дрвја, до кои е доведена инсталацијата капка по капка.
Поставената коцка по улицата не е нова, туку е искористена од досегашните улици од каде што е извадена.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1