Се враќа старата Хурем – Големо изненадување, Мерјем повторно во Величествениот


Фановите на серијата „Сулејман Величествениот“ ги очекува големо изненадување во финалната епизода на четвртата сезона. Популарната турско-германска актерка Мерјем Узерли го напушти снимањето на многу успешната серија „Сулејман Величествениот“ во третата сезона.

huremПреморена од снимањата кои траеле со денови, Мерјем без збор се пресели во Германија, каде се лечеше од депресија, но и каде што ја помина бременоста, додека публиката беше шокирана што повеќе нема да ја гледа во улогата на султанката Хурем. На нејзино место дојде актерката Вахиде Гордум која публиата на крајот ја прифатила, но серијата без Мерјем сепак не е иста.

Меѓутоа, како што јавуваат турските медиуми овие денови, Мерјем се смирила со продукцијата и го прифатила ангажманот во ниваната нова серија, но исто така, наводно прифатила и да се врати во серијата „Сулејман Величествениот“ како султанката Хурем и тоа во последната епизода.

– Публиката ја очекува гоемо изненадување затоа што во последната сцена во серијата, која толку многу се очекува, покрај Халит Ергенч ќе биде токму Мерјем. Во последната епизода планирано е да се прикаже нивната смрт, изјавили извор.

hitportal.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1