Автомобилот со кој се превезувале членовите на групата „Виоал Бич“ при преминување на мост, ја пробил оградата и паднал во калан во близина на Стокхолм на висина од 25 метри.
Се верува дека во колата со нив бил и нивниот менаџер Крејг Тери, а несреќата се случила во саботата во раните утриснки часови.
Нуркачите ги извлекле телата на жртвите од каналот. Загинатите се на возраст од 19 до 35 години.
Се уште официјално не се соопштени имињата на загинатите, а бендот Виоал Бич го сочинуваа Крис Леонард, Ривер Ривс, Томас Лоув и Џек Дејклин.
Причината за оваа трагедија која се случи на автопатот Е4 се уште не е позната.