Жителите на Пустец застанаа зад Темелко


Жителите на Општина Пустец одлучно застануваат зад градоначалникот Едмонд Темелко и го осудуваат чинот на неговото приведување од страна на СЈО.temelko

Тие порачуваат СЈО уште еднаш да го преиспита покренатото обвининие, бидејќи сметаат дека истото е неправедно. Додаваат дека со ова се ситат тие што не се Македонци, тие што работат против Македонија.

-Јас сум обичен жител во подрачјето на Преспа, да ти кажам вистина многу сум изненаден од овој недобар чин што го направија спрема нашиот народ што живее во Албанија. Ја повикувам госпоѓата Катица уште еднаш да го испита уште еднаш покренатото обвинение, бидејќи е многу неправедно, тоа не поништи нас како македонска нација што живееме во Албанија и голема неправда кон господинот Темелко, бидејќи тој е човекот што ја носи македонштината и премногу ја сака Македонија, секогаш има работено за доброто на македонските интереси, вели еден од жителите на Мала Преспа во анкетата на телевизијата „МЕГА“.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1