Се за велигденскиот пост – зошто се пости


Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето

Најстрог и најдолг е Велигденскиот или Великиот пост, кој трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена (четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден,  вкупно 48 дена.

trpeza

Исус пред да почне да го проповеда своето учење, (откако бил крстен), 40 дена минал во пустина во строг пост и молитви. А бидејќи во текот на овој период се случиле и неговите страдања (фаќањето, мачењето и распетито) и постот е проследен со многу телесни и душевни одречувања, со самоконтрола на страстите и со подготовки за причесната кога верниците се идентификуваат со својот Спасител, јадејќи од лебот што го претставува неговото тело и пиејќи од виното што, ја претставува неговата крв.

Но во христијанството постот има друго значење, зашто не се работи само за забрана на јадење месо или производи од животинско потекло, туку и забрана на веселби и други телесни и душевни задоволства.

Во Евангелието според Матеј, самиот Исус укажува дека постот треба да биде искрен, а не лажен и дека тој самиот ќе ги награди заслужните верници: „Кога постите не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат.”

Меѓутоа, треба да се истакне дека функцијата на постот не е само правилен духовен развој туку и правилен телесен развој, односно здравје. Оттука не се без значење зборовите на светите отци Василиј Велики и Јован Златоуст  дека „постот е мајка на телесното здравје, и ако не им веруваш на моите зборови прашај ги лекарите, тие подобро ќе ти објаснат.“ Значи   постот тие го поврзуваат со здравјето и го нарекуваат „мајка на здравјето”.

Вистинскиот пост започнува со Чист понеделник, денот по Прочка. Прочка се вика уште и Сирни поклади поради што од тогаш се пости и од млечни производи, а се вика и Проштени поклади, бидејќи тогаш луѓето меѓу себе си ги простуваат гревовите.

Инаку, бидејќи рибата не се смета за мрсна храна може да се јаде за време на Велигденските пости, но само на Благовештение и Цветници. Одобрувањето риба да се јаде на поголемите празници и за време на пост (како и виното и маслото) доаѓа од потребата од една страна да се запази постот, а од друга на празникот да му даде поголема свеченост во празнувањето. Бидејќи Велигден, а со тоа и Велигденскиот пост се со променлив датум, ако Благовештение се падне пред Цветници дозволено е да се јаде риба, масло и вино, а ако се падне во Страдалната (Страстната) седмица тогаш не се јаде и риба.

Инаку, од постот никој не може да биде ослободен, но има извесни олеснувања за болните, леунките, децата и сл. Во таа смисла за овие луѓе може да се дозволи употреба на масло и вино, но никако и месо, јајца, млеко, па дури и риба.

МИА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1