Се заљубила преку Фејсбук – изгубила стан и 26.000 евра


Јелена П.(44) од Нови Сад останала без покрив над главата и речиси 26.000 евра, кои според нејзините тврдења и ги украл М.Р (43), нејзиниот партнер кој го запознала преку Фејсбук.
Се забавувале одреден период, а потоа одлучиле да живеат заедно.facebook 444
Затоа Јелена го продала својот стан на 15ти октомври, очекувајќи дека на тие пари, М.Р ќе додаде и свој дел и заедно ќе се преселат во поголем стан. Меѓутоа, следниот ден морала клучевите да му ги предаде на новиот сопственик, а М.Р исчезнал заедно со пликот во кој биле парите.
Полицијата во Нови Сад започнала истрага за тешка кражба врз основа на пријавата на Јелена, која изјавила дека е подготвена да направи се, само да го пронајдат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1