Запален автомобил е причина за зголеменото полициско присуство вечерва во скопско Ново Лисиче. Како што јавува репортерот на Press24 од терен, вечерва околу 22:30 било пријавено дека гори автомобил марка Киа на пракингот пред зградата со број 11 во скопската населба Ново Лисиче. На лице место веднаш се упатила противпожарна екипа, но автомобилот веќе бил целосно уништен. Нема инфорамции дали пожарот бил подметант или автомобилот се запалил од други причини.
Едно лице со изгореници е пренесено на Скопските клиники.
Во пожарот оштетено е уште едно возило кое било паркирано во близина. Полицијата во моментов врши увид, а пожарникарите ја завршија својата работа.