Поскапуваат бензините


Бензините и дизелот поскапи за половина денар Малопродажните цени на бензините и на дизелот се зголемуваат за половина денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

benzin4Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83, односно за 0,71 отсто. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 79,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 66,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 55 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,540 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 39,160 денари за килограм. Како причина за зголемување на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,025 отсто повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14 дена и за 0,81 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1