Се запали автомобил на паркинг во Ново лисиче, едно лице со изгореници!


Запален автомобил е причина за зголеменото полициско присуство вечерва во скопско Ново Лисиче. Како што јавува репортерот на Press24 од терен, вечерва околу 22:30 било пријавено дека гори автомобил марка Киа на пракингот пред зградата со број 11 во скопската населба Ново Лисиче. На лице место веднаш се упатила противпожарна екипа, но автомобилот  веќе бил целосно уништен. Нема инфорамции дали пожарот бил подметант или автомобилот се запалил од други причини.

20140909230037resized

Едно лице со изгореници е пренесено на Скопските клиники.

Во пожарот оштетено е уште едно возило кое било паркирано во близина. Полицијата во моментов врши увид, а пожарникарите ја завршија својата работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1