Попладнево избил пожар на брод кој пловел во водите на Охридското Езеро, но голема среќа било што во моментот на пожарот бродот бил празен, а пожарот го изгаснал капетанот на бродот, јавува а1 он.
Очевидци велат дека бродот во моментот на инцидентот се наоѓал во близина на хотелот „Десарет“ кај Пештани.
Противпожарната единица по дојавата за пожар веднаш излегла на терен.
Веста за запалениот брдо набргу се пришири во Охрид и ја вознемири охридската јавност.
А1Он