Се запали импровизираната ромска населба во Кисела Вода


Пожар избувнал утрово во импровизираната ромска населба лоцирана на просторот на поранешната автобаза на „Пелагонија“ во Кисела Вода, пренесува „Макфакс“.

romska-naselba500По интервенцијата на противпожарната служба пожарот бил локализиран. Според сознанијата на агенцијата причина за пожарот, најверојатно, е палење на автомобилска гума или друга пластична материја која била користена за загревање.

Полицијата во неколку наврати интервенираше да ја дислоцира оваа дива населба, но обидите беа неуспешни, поради тоа што по извесно жителите повторно се враќаа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1