Се запали познат хотел, на гостите им изгоре се што понесоа на летување


Поголем дел од хотелот „Кула Дамјанова“ во Плав во Црна Гора изгоре во пожар кој изби денеска околу 14 часот.

Како што соопшти началникот на Службата за заштита и спасување Абидин Мусиќ, од хотелот останала само камената конструкција.

Пожарот избил во еден од горните катови кои се направени од дрвени материјали. Пожарот брзо се проширил на другите делови од хотелот поради лесната запалливост на материјалот во внатрешноста на објектот.

Мусиќ додаде дека во гаснењето на пожарот учествувале 4 возила од Плав и по едно од Андријевица и Беране.

Во хотелот престојувале над 70 деца од Подгорица, Будва и членови на ФК Могрен кои учествувале на фудбалски турнир. Сите се добро, но на повеќето работите им изгореа во хотелот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1