Се запали трафостаница во Битола: Повредени неколку работници


Вчера околу 15.00 часот во СВР Битола било пријавено дека околу 14.30 часот во атарот на селото Новаци, при изведување на работни задачи во трафостаницата 400/110 kW – Битола 2, настанал пожар на прекинувачот, при што била опожарена дел од опремата за работа, а повредени биле и неколку работници.

Според пријавеното, И.Г., Ѓ.Ј., Б.Ј. и М.К., сите вработени во АД „МЕПСО“, биле на преглед во Клиничка болница Битола, каде им биле констатирани лесни повреди и биле пуштени дома.

Извршен е увид од екипа на СВР Битола.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1