Самоубиство е најчестиот одговор што го даваат капетаните и бродските компании кога некој од нивните патници или членови на екипажот ќе изчезнат на отворено море. Не ретко ваквите квалификации се грешни. Во случајот со дениза Mарковска мистеријата станува се поголема, објавува Алфа.
По штурата изјавата на капетанот дека можеби станува збор за самоубиство, на површина излегуваат многу други теории кои можеби држат повеќе вода. Така на актерот Сашо Тасевски„ во колумна за порталот „Котле“ објавува серија приказни каде ја опишува црната страна на лукзусните и посакувани крстарења.
Тој вели дека пред три години првпат слушнал сведоштво дека малди девојќи и момчиња кои пловеле на бродови и јахти околу Европа и медитеранот, биле жртви на ланци на проституција. Меѓу неколкуте примери, Тасевски, раскажува случка со млад пар од Скопје кои заминале во Албанија, Саранда по договор за работа на брод, но наместо работа паднале во раце на албански макроа. Благодарение на познанството на мајката на девојката со член на албанската мафија, младите успеале да се вратат во Скопје. „
Типот од подземјето таа ноќ упаднал во хотелот со дваесетина свои луѓе, ги построил на сите влезови и излези во хотелот, а потоа побарал од бандата макроа веднаш да ги донесат пред него дечкото и девојката од Скопје.“- раскажува Тасевски.
Тој на својот фејсбук профил објави дека одбил понуда да гостува на една телевизија бидејќи смета дека не сака да учествува во медиуски циркус, туку со текстовите само сака да ја алармира дека постојат десетици веродостојни сведоштва за тоа дека, не ретко им се случува на младите кои бараат работа на брод, против своја волја или свесно да се заплеткаат во огромната замрсена мрежа како што ја нарекува „крузинг-проституцијата“.
За ваквите теории, за кои зборува Тасевски, засега не постои никаков доказ, но исчезнувањта на лице за време на крстарења не често остануваат мистерија. Се очекува дека в понеделник грчкиот обвинителот да каже што според истаргата се случило кобниот 12 –ти септември кога во водите на Егејско Море од бродот исчезна 23 годишната прилепчакна Дениза Маркоска.
Kurir.mk