Се запознале кога му се онесвестила во раце – сега слават 70 год брак (Фото)


article-2249905-169150FB000005DC-153_306x423

Брачна двојка прославува 70 годишнина откако таа буквално паднала во рацете на странец откако паднала првата бомба во II светска војна.

Беси Камерун буквално паднала во рацете на нејзиниот сопруг пред 70 години, кога била фрлена првата бомба од Втората светска војна. Таа изјавила дека искрата меѓу нив двајца од тогаш па до ден денес не згаснала, туку напротив е се поблескава.

„До ден денес се сеќавам на моментот и силниот татнеж од експлозијата. Се уште сум потресена од самиот момент“, вели Беси.

Таа се наоѓала во Проспект Роуд во Бароув во Камбрија, местото каде што работела. Пред киното се онесвестила и тоа во рацете на нејзиниот сегашен маж Џон.

article-2249905-1691510F000005DC-608_634x390article-2249905-16906D9E000005DC-114_634x446

Тие оделе заедно 18 месеци пред да се земат. Госпоѓа Беси вели дека дента кога се земале таа носела палто и фустан. Вели поради војната не можела да си дозволи посвечен фустан. Во периодот од овие 70 години најсреќни моменти ги поминале за време на празниците.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1