Големо невреме со обилни врнежи, грмотевици и силен ветер денес повторно го зафати главниот град, а најмногу го погоди Водно каде што имало посетители на Милениумскиот крст. Се работи на нивно безбедно извлекување.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека целата скопска котлина вечерва беше зафатена со нестабилна воздушна маса од северозапад која предизвика пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.
Повеќе граѓани кои биле на Водно вечерва биле заробени во Жицницата откако снемало струја најверојатно поради удар на гром. Од Јавното сообраќајно претпријатие соопштуваат дека граѓаните се безбедни бидејќи веднаш се вклучил погонскиот мотор на Жичницата со што таа полека почнала да работи и грашаните се симнати од Водно.
– Речиси сите граѓани се веќе спуштени на Средно Водно. ЈСП обезбеди автобуси за оние граѓани кои отишле на Водно без своите автомобили за да ги пренесе до градот, изјави за МИА портпарлот на ЈСП Билјана Јанкуловска Митова.
Еве како изгледаше невремето во Скопје