Се жртвуваа за децата – 3 наставнички со своите тела ги штителе децата во Конетикат (Видео/Фото)


Три учителки беа убиени во стравичниот масакр во градот Њутан во САД, во очајнички обид да ги спасат своите ученици од пореметениот убиец Адам Ланза, синот на една од вработените во школото.

Ubijene-učiteljice-i-ubica

Телата на директорката Дон Хачспранг (47), психологот Мери Шерлан (56) и учителката Викторија Сото (27) се идентификувани меѓу жртвите кои биле вработени во школото.
Според изјавите на сведоците, Сото буквално се фрлила на линајата на оганот, за да ги заштити седумгодишните ученици од прво одделение, од куршумите, користејќи го своето тело како штит.
Една од преживеаните Дијана Деј изјавила дека заедно со уште неколку наставнички, била на состанок со двете убиени колешки.

551351-victoria-sotio463882-connecticut-school-principal-dawn-lafferty-hochsprung

533315-mary-sherlach

„Бевме таму само пет минути, зборувавме, а потоа слушнавме звуци, пукања од огнено оружје. Јас веднаш се фрлив под масата“, рекла Деј.

За разлика од неа, нејзините колешки истрчале надвор и се обиделе да ги спасат децата.
„Ниту на момент не се поколебаа, што треба да направат“, изјави Деј.
Според некои од извештаите, со убиецот се сретнале во школксиот ходник, каде што ладнокрвно ги убил.
Учениците од повисоките класови за 27 годишната наставничка Сото изјавија дека таа била драга и духовита. Била омилена меѓу сите ученици.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1