СДСМ се ситни – Разрешени Бучковски, Бузлевски и Цветковски – СДСМ со закана дека нема да учествува на локалните избори


Денеска на централниот одбор социјалдемократите ги разрешија Владо Бучковски, Димитар Бузлевски и Виктор Цветковски. Tие не се повеќе дел од СДСМ. 

sdsmСДСМ донесе и одлука дека доколку не се направат измени во изборниот закон, не се исчисти избриачкиот список и не се вметнат препораките на ОБСЕ нема да учествуваат на локаните избори, јави Канал 5.

СДСМ подготвила и предлог на измени на изборниот закон кои ќе го достават до собранието, а велат во него се само препораките на ОБСЕ, преточени во законски одредби.

,, сакаме јасно да порачаме овој пат политиката на власта за одолговлекување а потоа ставање пред свршен чин како пред парламентарните избори во 2011 нема да помине рече претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Социјалдемократскиот сојуз до владата ќе достави и план за буџетски заштеди .Со овој план според нив ќе имало пари за покачени пензии, плати во администрацијата, но и за капитални инвестиции. Црвенковски тврди дека сето ова може ако владата се откаже од владини реклами, економски промоции, од парите за фонтани и споменици, нов мебел нови возила и на тој начин се прави заштеда од цели 204, 8 милиони евра.

СДСМ – денеска ги повикаа своите членови од комисијата за лустрација да си поднесат оставки, а за претседателот на комисијата Томе Аџиев, најавуваат кривична пријава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1