Седел крај телото и рекол ,,Ти го убив Горан со секира,, – исповед на таткото кој го најде синот во локва крв


Кога несреќниот татко во дневната соба го видел безживотното и раскрварено тело на својот син, убицот седел покрај него.

Полицијата го уапсила 52-годишниот Јура Џогаш, поради основно сомневање дека во Крченик, со повеќе удари со секира го усмртил Горан, се наведува во соопштението на судот во Осјек.sekira

На него му е одреден притвор поради можно влијание на сведоците кои имале одредени сознанија за казненото дело, но поради тоа што до сега повеќе пати бил казнено и прекршочно пријавуван за дела со елементарно насилство.

Иако од судот се уште немаат службени потврди, по се изгледа за трагедијата е виновен „алкохолот“.

За злочинот прв дознал таткото на Горан, Мато, кон кого убиецот се упатил по крвавите удари со секира.

– Пијан ми тропаше на вратата нешто по 1 часот, а кога отворив само ми кажа: „Ти го убив Горан“. Потоа седна на точакот и дофрли дека се скарале и дека два пати го удрил со секира, изјави Мато , кој со другиот син веднаш се упатиле кон куќата на Јура.

Во дневната соба на подот го видел безживотното тело на Горан, а Јура седел покрај него. Повторил дека се скарале и тепале, по што ја дофатил секирата. Им кажал и дека повикал полиција.

Кога полицијата стигнала, Јура им кажал дека го убил Горан, покажувајќи им ја крвавата секира.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1