Хотелот “Радон Плаза” во Сараево се користи во телевизиска реклама што ја направи кабинетот на американскиот претседател Барак Обама, во која тој го исмејува неговиот противник, републиканцoт Мит Ромни.
Луксузниот хотел со пет ѕвездички, кој е во сопственост Фахрудин Радончиќ, основач на Дневни аваз и лидер на партијата Алијансата за подобра иднина на БиХ (sbb), е презентиран како седиште на “зло, каде живее зол гениј” кој владее во светот”.
Предизборната кампања на Барак Обама се базира на понижување на ставовите на Ромни и се потсмеваат на неговите ставови во врска со економијата, велејќи дека се детски. Затоа, како “зол гениј” е прикажана жолтата птица од една детска серија.
ТВ спотот на Обама трае 30 секунди и започнува со набројување на криминалци уапсени во САД, вклучувајќи го и Бернард Медоф, и укажува дека со сите нив управува зол гениј од својот штаб.
На седум секунди од видеото се појавува хотелот “Радон Плаза”, на чија стаклена фасада се гледа силуета на тој “зол гениј” кој всушност е жолтата птица од детската серија. Потоа тој истакнува дека само едно лице смее да го каже името на “злото”, по што следат сцени со Ромни како изговара “голема птица”.
ТВ спотот иронично укажува дека Мит Ромни не знае дека светската економија е управувана од страна на Вол Стрит, туку мисли дека е од серија за деца.
Американските медиуми со денови не можеа да откријат која е зградата која е седиште на злото според Обама, на крајот ја идентификуваат како еден хотел во Сараево, како хотелот се нашол во предизборното видео, од кабинетот на Обама одбиле да коментираат.