Почина таткото на Доли – првата клонирана овца


Научникот кој е заслужен за клонирањето на овцата Доли, Кит Кемпбел, почина во својот дом во Англија на 58 годишна возраст, објави универзитетот во Нотингем, каде научникот работеше.

Британскиот биолог Кемпбел во 1991 година, почна со истражување за клонирање на животни на Инситутот Рослин во близина на Единбург.

во 1996 год му објави на светот дека во јули, на свет дошла овцата Доли – прво колирано животно во светот.

Ова предизвика лавина коментари и реакции за етиката на клонирањето, но научникот го бранеше својот став дека клонирањето е многу важно за иднината на медицината, и продолжи да го истражува клонирањето.

Добитник е на бројни награди за наука и медицина. Почина на 5 октомври.

Овцата доли пак почина во 2003 – беше успиена бидејќи разви рак на белите дробови. Сега таа е изложена во музеј.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1