,,Друже ТИТО врати ми жену,, – оставен маж предлага смртна казна за жени кои оставаат (Фото)


На интернет кружи писмо за кое се наведува дека е од архивите на Јосип Броз Тито, писмото е потпишано од страна на Иван Цигановиќ на 15 Јули 1946. година. Тој на Тито му се жалел на неговата сопруга, која го напуштила. Тој бара од Тито за  сите жени кои бегаат и оставаат да се воведе смртна казна дури и детално образложува зошто.


’15. јуни 1946. избега од мене мојата законска и сакана жена Мара Цигановиќ. Отиде во светот, со цел да се бави со проституција и живее на туѓа сметка. Мојот дом сега ќе се распадне, се заканува хаос и катастрофа, бидејќи нема кој да го води домаќинството, кој ќе крпи, пере, готви и помага на полето. А морам да се грижам за себеси и за 72 годишна мајка и едно дете, сирак од војната, вели Иван во писмото до Тито.

,, Секогаш и велев на жената – Драга жено немој да ме оставиш, убиј ме попрво отколку да заминеш на скитање. Но ете лекоумница отиде и сега судбината полека ме убива. Поднесов и пријава да ја уапсат и вратaт, но којзнае кога тоа ќе биде.

Ве молам да работите на ова прашање во Владата и во цела Југославија да се објави закон за заштита на брачниот живот.

1) Секоја омажена жена која ќе го остави мажот и ќе замине во бели свет се казнува со смрт.

2) Секоја омажена жена, која живее по белиот свет, во било која служба мора да има писмено одобрение потпишано од сопругот дека и одобрува работа и служба. Потпишано пред двајца сведоци и заверено во општина.

3) Секое лице кое кај себе ќе задржи туѓа жена без одобрение на мажот или види жена а не ја пријави на полиција – се казнува со смрт.

4) Секое фалсификување на таков документ – се казнува со смрт.

5) По објавата на овој закон секоја омажена жена мора во рок од 8 дена да си обезбеди такво одобрување од мажот.

6) Сето ова важи и за мажот ако си ја остави жената и отиде во бел свет во неповрат.

Со овој многу важен закон ќе биде погодена во ахилова пета секоја саботерка, проститутка, а семејниот живот ќе се гради на цврсти темели – Му предлага Иван на Тито

Не е потврдена автентичноста на ова писмо, а во целост може да го прочитате од приложената фотографија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1