Седум милијардери вложуваат пари во бункери за спас од апокалипса!?


Седум милијардери го избрале Нов Зеланд како идеално место за изградба на бункери кои би ги спасиле од апокалипса.

Според дел од светските медиуми седум милијардери од Силиконската долина одлучиле да инвестираат средства во огромен проект – изградба на бункери и нивно опремување.

Информациите велат дека станува збор за бункери тешки 150 тони кои ќе бидат закопани три ипол метри под земјата.

Инаку веќе е ангажирана и компанија за изградба на бункерите, станува збор за компанијата „Рејзинс С“ чии генерален директор Џери Лунч веќе објави и нацрт фотографија на социјалните мрежи.

Додека многумина се прашуваат зошто американските милијардери го избрале токму Нов Зеленд , директорот Џери Лунч го даде одговорот, според него клучот е во изолираноста на територијата.

-Нов Зеланд нема непријатели, ниту е мета во случај на нуклеарна војна. Тоа е местото каде луѓето може да најдат скривалиште, објасни Лунч.

Според американската агенција „Блумберг“ вредноста на целиот проект е 11,5 милиони долари.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1