Единаесет полицајци се пренесени на скопските клиники поради повреди здобиени за време на протестите кои попладнево се одджуваат пред Влада. Според последните индормации седум од нив се пренесени во Градската болница, а четворица се наоѓаат во Клиничкиот центар во Скопје.
Две возила се каменувани, искршени се прозорци од владината зграда, оштететна е фасадата на истата. Со повреди се здобил и еден фотограф кој во моментот си ја извршувал својата работна задача.
Опозиционите медиуми објавија дека биле употребени водени топови за разбивање на демонстрантите. Екипата која е на терен јавува дека таквите информации не се точни. Во нередите пред Владата не се употребени водени топови кон насобраните граѓани, меѓу кои голем број партиски активисти на СДСМ.
Денеска пред владата граѓани се насобраа барајќи одговорност за смртта на Мартин Нешковски, случај за кој убиецот е осуден на 14 години затвор. СДСМ на пресконференција објави нови разговори, а Заев тврдеше дека убиецот, кој бил тигар бил на службена должност во моментот кога го направил делото. Во разговорите се слуша дека писмена наредба за ангажирање на осудениот Игор Спасов нема. Тој наводно постапувал по некаква усмена наредба.