Кога е во прашање креативноста, она што многу често го забораваме е дека постојат работи со кои сами на себе си наштетуваме и моментално треба да ги прекинеме. Една од најчестите работи кои ја блокираат твојата креативност е фактот дека не веруваш во себе.
1. Не веруваш во себе Една од најчестите работи кои ја блокираат твојата креативност е фактот дека не веруваш во себе толку колку што треба и всушност не се гледаш себеси како креативно лице, со што и тоа како ја саботираш својата работа. Во тој случај, обиди се да направиш нешто што ќе ја зголеми твојата самодоверба, ти знаеш најдобро што може да биде тоа.
2. Мислиш дека не си подготвен Мислиш дека не е вистинско време за остварување на соништата? Наш одговор: никогаш нема да бидеш целосно подготврн за соочување со своите пречки на патот, бидејќи на секој пат се учи нешто ново. Но, вистина е дека што повеќе ги делиш резултатите од својот креативен труд со другите, ќе ја зголемиш својата самодоверба.
3. Се плашиш дека нема да успееш Стравот и анксиозноста најчесто се работи кои можат да предизвикаат креативна блокада. Вистина е дека некогаш нема да успееш, но и тоа ќе ти биде големо искуство. Имај верба во себе и тоа што го работиш, така ќе ја имаат и другите.
4. Мислиш дека другите се повеќе талентирани Тоа верување како директен резултат има многу ниска самодоверба, кое сигурно ќе застане на патот на твојата креативност. Немој да губиш време споредувајќи се со другите, туку искористи го за тоа да бидеш уште подобра. Исто така, сети се дека обично она што тебе ти се чини просечно, на другите изгледа изненадувачки добро.
5. Постојано размислуваш за своите неуспеси во минатото Избегнувај опседнатост со своите неуспеси во минатото, бидејќи еднаш ако заглавиш во минатото, ќе ти биде многу тешко да појдеш напред. Размисли само за лекциите кои си ги научила од лошите искуства во минатото и концентрирај се на својата иднина. Што е направено, направено е и нема смисла да се менуваат работи кои не можат да се сменат. Подобро размисли за нешта на кои сеуште можеш да влијаеш.
6. Презафатени со обврски Една од најчестите причини за блокирање на креативноста е стресот и претераното брзање. Но, никој не е толку зафатен за да не може во денот да си дозволи барем еден час време за себе и за одмор. Понекогаш треба на својот ум да дадеме целосна слобода, за да се поттикне креативноста и иновативното размислување.
7. Секогаш работиш на работна маса Напуштајќи го својот личен простор, за само неколку минути можеш да направиш голема разлика во создавањето на нови идеи, а резултатите можат и тоа како да те импресионираат. Зошто да не?