100.000 евра дадени за анализа на Рамковниот – го добила фирма блиска до ДУИ


Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор годинава ќе потроши шест милиони денари или приближно 100.000 евра за да дознае колку во пракса се имплементира овој документ, пишува Дневник.

ramkovenСекретаријатот преку јавен оглас им ги доверил на фирмата „ДМУ Таг комуникации“, како економски најповолна понуда. Маркетинг-агенцијата е во сопственост на Газменд Ајдини, поранешен новинар и директор на Центарот за развој на медиуми, а сега член на Агенцијата за електронски комуникации и важи за близок човек до ДУИ. „Таг коминикации“ е наследничка на поранешната маркетинг-агенцијата „Генезис“. На јавниот оглас се јавила само една фирма, таа која всушност ја добила набавката. Ајдини потврдува дека неговата фирма соработувала со Владата, односно министерства со кои раководат кадри на ДУИ, но вели дека не е член на ДУИ. Не знам што се подразбира под близок до партијата и што е најважно немам конфликт на интереси, вели Ајдини.

Дали од анализата јавноста конечно ќе дознае дали, во колкава мерка и како во практиката се спроведува и како функционира Рамковниот договор ќе биде појасно кон крајот на годинава, за кога според договорот треба да заврши втората фаза од анализата.

Од Секретаријатот за Рамковниот договор вчера не сакаа да откријат чија е фирмата што го добила тендерот, додека Ајдини потврдил.

– Професионално ја извршувам работата и за да немам конфликт на интереси одамна го напуштив новинарството и невладиниот сектор. Член на АЕK сум пред да ја купам маркетинг-агенцијата. Експерт сум за односи со јавноста и комуникации и работам политички и економски пиар. Не би одбил соработка со ниедна партија ако ме ангажира. На јавниот повик конкурираше само нашата фирма и го добивме. Веројатно немаше голем интерес бидејќи станува збор за специфични услови и не се работи за големи пари ако се има предвид ангажманот. Тендерот е на граница на рентабилност – ни изјави Ајдини.

Тој објаснува дека нивниот ангажман повеќе се однесува на техничка поддршка на анализата, за која ќе треба да се ангажираат експерти и професори од областа на правото и на општествените науки кои всушност ќе ја прават анализата. Вели дека ќе треба да организира неколку конференции од кои две меѓународни, потоа презентации, трибини, анализи, истражувања на јавното мислење….

Повеќе на – Дневник.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1