Пазарниот инспекторат казни седум бутици поради тоа што во екот на новогодишните празници ги довеле во заблуда потрошувачите нудејќи им лажни попусти.
Сите бутици се во поголемите трговски центри во Скопје. Казната за нив е по 2.400 евра во денарска противвредност, или половина од оваа сума ако ја платат во рок од осум дена, шренесува Телеграф.мк.
– Трговците многу добро ги знаат правилата, но се прават дека нешто не им е јасно и намерно прават финти со цените. Пишуваат дека попустот е 70 отсто, но тоа не е точно, бидејќи производот го вратиле на првобитната цена па потоа го пресметале попустот. Или производи со грешка ги продаваат заедно со останатите производи по иста цена – велат од инспекторатот за Телеграф.
Од инспекторатот апелираат граѓаните да ги пријават сите неправилности со попустите што ќе ги забележат.