Седумкратниот убиец сакал да го убие и сопствениот син, за среќа снемал куршуми


Властимир Шефер, синот на убиецот Раде Шефер кој изврши масакар во селото Матроша во Србија, изјави дека не бил убиен само поради тоа што татко му снемал куршуми во тој миг, пишува српски „Курир“.

– Го повлече орозот, но пушката беше празна. Го искористив тоа и побегнав од дворот. Слушнав дека вика по мене: „Врати се и тебе да те убијам!“. Истрчав кај соседите да побарам помош, сведочи Властимир.ubieccc_srbija_7-620x396

Пред да пука на него, Властимир ја видел неговата ташта Каролина како лежи во локва крв во дворот. Неможел да ги види сопругата Наталија и нејзиниот татко затоа што тие непосредно пред тоа биле убиени на влезот на куќата.

Раде Шефер потоа влегол во куќата и ја убил неговата сопруга Роза Шефер, а потоа пукал и во Натали Дунјон, сестрата на Каролина, која ја погодил во рамото.

Во моментот додека ја полнел пушката бил нападнат од сопругот на Натали, Емануел Дунјон кој го задавил.masakr-srbija-svadba

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1