Седум лица се повредени вчера во сообраќајната незгода што се случила на кружниот тек кај местото Црн мост во Битола.

Фото: Тера
Повредените со возила на Итната медицинска помош се пренесени на битолската клиника, каде им е укажана лекарска помош и според информациите од битолската полиција никој од нив не е во животна опасност, пренесува „Тера“.
Од полицијата велат дека незгодата се случила околу 20 часот, кога и биле информирани од Итната медицинска помош.