Седуммина уапсени за тепачката на плажата Горица во Охрид


7 лица се приведени во полиција по тепачка која се случила на плажа во комплексот „Горица-3“ во Охрид. Според полицијата, на петмина од тепачите им е укажана помош на неколку одделенија во Општата болница во Охрид.

МВР извести дека прво започнал инцидент меѓу две помали групи, најверојатно предизвикан од меѓусебни недоразбирања кои траеле подолго време.

Притоа интервенирала полицијата, која се обидела да се смири ситуацијата. Но, во меѓувреме пристигнале пет лица кои со себе носеле опасни орудија. Тие нападнале момче кое што било на шанкот, а претходно помагало да се смири ситуацијата и да се раздвојат учесниците во тепачката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1