Седумнаесет години од масакрот кај Љуботенски Бачила – загинаа осум бранители


Во спомен на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година, делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија предводена од командантот на пСО ,бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев, денеска ќе положи цвеќе пред нивните споменици во Љубанци и кај спомен-плочата во касарната „Илинден“ во Скопје.

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на две противтенковски мини.

Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1