Најголемата социјална мрежа „Фејсбук“ за 10-годишнио роденден не изненади со популарното „Look back“ видео, со најважните моменти на секој нејзин корисник.
И додека првите вакви видеа не можеа да се менуваат, сега Фејсбук ја нуди опцијата за преуредување на видеата според вашата желба.
Тоа се прави едноставно, доколку ја посетите страната facebook.com/Lookback, и со кликнување на копчето „Edit“, кое се наоѓа на горниот десен агол.
Сега можете сами да си ги одберите фотографиите кои сакате да се појават во видеото.