Повеќе спиење за викендот – потешко будење во понеделникот наутро. Решението е да се оди рано на спиење во недела вечер, велат експертите.
Научниците велат дека долгиот сон во сабота и недела го попречува нашиот биолошки часовник толку многу што дополнително го отежнува станувањето од кревет на почетокот на новата недела.
според водечкиот автор на студијата д-р Григориј Картер нашето тело се адапира на секојдневниот ритам, според кој е и “сетиран” нашиот биолошки часовник – контрола на состојбата на будност, спиење, метаболизам, хормонска секреција, температурата на телото – може да се промени ако спиеш еден час повеќе во текот на викендот.
“задоцнетото одење на спиење во петокот и саботата, во комбинација со работи кои му штетат на квалитетот на спиењето, како алкохол, доцни оброци, проверка на електронска пошта пред спиење -Придонесуваат потешко да се будиме во понеделникот”, заклучува тој.
Експертите објаснуваат дека проблемот се јавува бидејќи ритамот се пореметува дури и ако се измени за само два часа. Препорачуваат да се задржи ритамот на нашиот биолошки часовник, мора да се оди во кревет во недела порано односно најмалку осум часа пред вообичаеното време на будење наутро, вели Картер.