Лекарите денеска 30 мин ќе протестираат


Наместо на пауза лекарите денеска на мирен протест. Ќе протестираат половина час од 11.30 до 12 часот за да го изразат своето незадоволство од последните мерки на Министерството за здравство.

Протестот е поддржан од Самостојниот синдикат на Клиниките и самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита. Против протест пак е новоформираниот синдикат „Мајка Тереза“.

за утре имаше закажано генерален штрајк на лекарите низ цела Макеоднија но откако министерот за здравство ја даде на суд одлуката за штрајк, Основниот суд Скопје 2 во четвртокот го забрани штрајкот на лекарите поради наводно не обезбедување услови за континуирана работа на болниците за време на штрајкот. Лекарите бараат укинување на одлуката за вреднување на трудот по учинок и зголемување на платите.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1